Полицаец спаси скопјанка која скокнала во Вардар
Полицаец синоќа спасил скопјанка која имала обид за самоубиство. Според податоците, се работи за 79-годишната М.Д. која била извлечена од водите на Вардар. Старицата била забележана од случаен минувач како влегува во Вардар во скопски Ѓорче Петров, по што била повикана полицијата. Помошник командирот на полициската станица Ѓорче Петров влегол во реката и ја извлекол жената која чекала да биде повлечена од водата.
Скопјанката потоа била пренесена во болницата „8 септември".
26.08.2014 - 10:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа