Ангел ди Мариа во Манчестер Јунајтед за рекордни 75 милиони евра

 

Ангел ди Мариа синоќа пристигна во тренинг - центарот на Манчестер, каде 26 - годишното крило ќе го изврши лекарскиот преглед. Манчестер Јунајтед од денеска ќе го има најскапиот играч во историјата на Премиер лигата. Цената на трансферот е 69,7 милиони фунти или 75 милиони евра.

Ова е четврто засилување за Манчестер Јунајтед во овој преоден рок. Црвените ѓаволи потрошија околу 165 милиони евра на Лук Шо, Андер Херера, Маркос Рохо и Ангел ди Мариа.

 

26.08.2014 - 11:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега