Повеќе инвестиции и бизниси во Градот на конзулите

 

Министерот за привлекување странски инвестиции Горан Мицковски денеска ја посети општина Битола и одржа состанок со градоначалникот Владимир Талески, претставници на локалната самоуправа и бизнисмени.

- Сакам повеќе инвестиции во овој крај, да заживее економијата, да запре миграцијата и да донесеме солидни бизниси. Да ја ставиме Битола на мапата на поголемите бизнис компании од светот, истакна министерот кој во придружба на градоначалникот  Талески ги посети и големата германска инвестиција „Кромберг и Шуберт“ во индустриската зона „Жабени“ која наесен ќе го евидентира 2.000-то ново вработување, како и ЗК „Пелагонија“.

Талески потсети на релациите и успешната соработка меѓу општината и Владата за привлекување директни странски инвестиции и за подобрување на инвестициската политика.

- Постигнатите резултати се благодарение на поволностите што ги даваат Владата и општина Битола. Во „Кромберг и Шуберт“ ќе биде прославено двеилјадитото вработување, а наскоро таму ќе почнат со изградба на нова хала за нови 1.500 нововработени. Во ЗК „Пелагонија“ се инвестирани над 17 милиони евра за изградба на гасни централи и фарма, со што се потврди дека имаме услови за инвестирање од страна на странските, но и домашните инвеститори, нагласи Талески.

26.08.2014 - 14:29
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега