Искуството на „Енергија“ ќе привлече повеќе украински инвеститори во Македонија

 

Украинската компанија „Енергија“ ќе ја пресели фабриката за производство на еколошки системи за прочистување води од Киев во Македонија.

Македонскиот амбасадор во Киев, Илија Исајловски беше гостин во дневникот на Сител каде истакна дека ова е еден убав почеток и добар резултат од владино роуд шоу.

-Ова само прв дел од инвестицијата која ја најавува инвеститорот. Се очекува да бидат отворени  барем уште 7-8 производствени погони во Македонија. Оваа компанија како холдинг инвестира во повеќе сфери. Заинтересирани се за медицинскиот туризам во Охрид, рече тој.

Договорено е оваа зима повеќе украински компании  да ја посетат Македонија.

Генералниот менаџер на „Енергија лимитед“ Андреј Конашков, во изјавата за Сител потенцира дека не очекувал Македонија да создаде толку многу поволни услови.

-Беше неочекувано дека земјата создава такви услови за инвеститори. Во тешко време на криза, ме прашуваат каде да инвестираат. Кога кажувам дека во Македонија Владата дава помош не ми веруваат. На 30-ти октомври ќе има форум, ќе дојдат нови инвеститори ќе се уверат со свои очи и сигурно ќе вложат и тие, рече тој.

 

26.08.2014 - 16:40
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега