Инвестиции: Bетено – сторено

 

Задоволните инвеститори, носат нови инвестиции во земјава. Последниот таков пример е украинската “Енергија“ која ќе гради фабрика во Бунарџик. Менаџменотот на компанијата е импресиониран од условите за инвестирање и најави дека Македонија ќе ја препорачува како одлична бизнис дестинација, пишува Лидер.

“Беше неочекувано дека земјата создава такви добри услови за инвеститори. Во тешко време на криза, ме прашуваат каде да инвестираат. Кога кажувам дека во Македонија Владата дава помош не ми веруваат. На своите пријатели ќе им ја препорачам да ја преселат работата во Македонија. На 30-ти октомври ќе има форум, ќе дојдат нови инвеститори ќе се уверат со свои очи и сигурно ќе вложат и тие. Очекувам многу нови инвеститори во државава“ изјави Андреј Конашков,генерален менаџер на „Енергија лимитед“.

Како растат инвестициите така забрзано се градат и технолошко – индустриските развојни зони. Во моментов се градат ТИРЗ Кичево, ТИРЗ Тетово и ТИРЗ Радовиш. Во месец септември треба да почне да се градат ТИРЗ Берово и ТИРЗ Виница, а пред два дена почна изградбата на ТИРЗ Струга. Прва компанија која ќе отвори фабрика е ОДВ Електрик.

“Ова е петтата недела на обучување на првите 15 вработени во ОДВ Електрик, во моментов тие се наоѓаат во Украина, а за две недели од денес машините за фабриката ќе пристигнат, што значи дека во постоечкиот објект во Охрид адаптацијата ќе биде наскоро завршена, до крајот на оваа година ќе има околу 100 вработувања. Вработените ќе работат во три смени. Наскоро, ќе започне и изградбата на нивната фабрика во ТИРЗ Струга во која ќе се вработат 1.000 луѓе“ вели Виктор Мизо, директор на ТИРЗ.

Во првите шест месеци од годината од ТИРЗ остварен е извоз од над 550 милиони евра. Според податоците, извозот двојно е пораснат во споредба со истиот период лани.

27.08.2014 - 09:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега