Агим Ибраими со Марибор се пласира во групната фаза од Лигата на Шампиони

 

Агим Ибраими со својот тим Марибот вчера на гостувањето во Глазгов против Селтик, постигна победа од 1:0 во реваншот од бараж средбата во Лигата на шампионите и со вкупни 2:1 избори настап во групната фаза.

Покрај екипата на Марибор, учество во групната фаза на Лигата на шампиони обезбедија и Зенит, АПОЕЛ, БАТЕ Борисов и Порто.

Резултати на синоќа одиграните натпревари:

Зенит – Стандард 3:0 (4:0 вкупен резултат),
АПОЕЛ – Алборг 4:0 (5:1),
Селтик – Марибор 0:1 (1:2),
БАТЕ Борисов – Слован Братислава 3:0 (4:1),
Порто – Лил 2:0 (3:0).
Вечерва се играат уште пет натпревари:
Арсенал – Бешикташ (0:0 прв натпревар),
Атлетик Билбао – Наполи (1:1),
Баер Леверкузен – Копенхаген (3:2),
Лудогорец – Стеауа (0:1) и
Малме – Салцбург (1:2).
Победниците од натпреварите ќе играат во Лигата на шампионите, а поразените во Лига Европа.

27.08.2014 - 09:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега