МЗШВ најавува дополнителни субвенции за пченицата
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најавува дополнителни субвенции за пченицата. За висината на поддршката денеска на прес-конференција ќе информира ресрниот министер Михаил Цветков.
До 31 јули годинава се ожнеани околу 82.210 хектари пченица или 87 отсто од површините. Остварениот просечен принос достигнува до 3,5 тони на хектар и доколку се задржи на ова ниво, се очекува производство од 330.000 тони што претставува зголемување за околу 20 отсто или 53.000 тони во споредба со минатата година.
Просечна откупна цена на меркантилната пченица од реколтата 2014 за јули изнесува 10,74 денари за килограм.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа