„Ван Хол“ бара работници - побрзајте и аплицирајте!

 

Белгиската фабрика за автобуси „Ван Хол“ лоцирана во Технолошко индустриско развојната зона во Бунарџик во општина Илинден, распиша оглас за нови вработувања.

Моментално овој реномиран производител на автобуси од Белгија има потреба од:

- електро инсталатери - подвозје и склопови

- електро техничари - техничка контрола

- столари - каросерија и патос

- автолимари/монтери – каросерија и патос

- механичари – подвозје и склопови

- механичари – техничка контрола

- техничари за хидраулика и пневматика – подвозје и склопови

- техничари за греење, ладење и климатизација – подвозје и склопови

- техничари за греење, вентилација и климатизација – техничка контрола

Сите заинтересирани своето CV на англиски и/или македонски јазик можат да го испратат на email адресата: [email protected] ( mailto: [email protected])

CV-то треба да биде испратено со назнака во насловот конкретно за позицијата за која се аплицира. CV download

Краен рок за доставување на апликациите за сите позиции е 1 септември 2014 година.

27.08.2014 - 11:02
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега