Дополнителни субвенции за околу 23.000 производители на пченица
Дополнителни 3.000 денари за хектар или околу еден денар за килограм пченица ќе добијат земјоделците кои обработуваат до 10 хектари површина, соопшти денеска ресорниот министер Михаил Цветков.
- Според проценките, дополнителни 3.000 денари треба да добијат 22.600 земјоделци или 90 отсто од вкупниот број производители на лебно жито. Целта е да им помогнеме и натаму да произведуваат пченица зашто оваа култура за нас е стратегиска, истакна Цветков на прес-конференција.
Од засеаните 95.000 хектари со пченица годинава, досега се ожнеани 93.000. Просечниот принос е 3,5 тони на хектар, а се очекува производство од 330.000 тони. Откупени се 87.000 тони по просечна цена од 11 денари за килограм. До крајот на годината се очекува откуп на 110.000 тони или 80 проценти од родот.
Земјоделците за пченицата добиваат субвенции од 9.000 денари за хектар и уште 3.000 доколку користат сертифицирано семе.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа