Судењето за Ровер започна од почеток
По укинувањето на пресудата за случајот "Ровер" денеска судењето започна од почеток. Обвинителката се согласи да се проверат четворицата првообвинети кои во отсуство си заработија доживотен затвор.
Како што јавува Канал5, на почетокот на судењето Љубе Бошковски побара да се проверат податоците за четворицата првообвинети. Споре Бошковски првообвинетиот е починат, на останатите не им се знае ни трага ни глас. Обвинителката го профати барањето и рече дека ќе ги провери овие информации, а ги отфрли сите останати барања на одбраната.
Денеска во судницата адвокатите побараа да му се укине статусот на заштитниот сведок и да биде испрашан како обичен сведок, но тоа барање беше одбиено.
За потсетување, случајот Ровер се однесува на убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев во Капиштец 2001 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа