ВИДЕО: Направиле бункер во возилото - запленети 8 килограми хероин на Богородица
МВР на граничниот премин Богородица вчера заплени околу осум килограми хероин, со што е пресечен меѓународен канал од Турција до Македонија, со крајна дестинација – западноевропските земји.
Откако на влез за Македонија се пријавило возило марка „пежо 307 “ сребрена боја со скопски таблички управувано од 54-годишниот Ќ.Л. заедно со 36-годишниот Ф.Б. кој пеш се обидел да оствари влез во земјава извршен е преглед и претрес над возилото и лицата. По извршениот претрес во предниот дел на возилото во просторот за вентилација, во специјално изработен простор (бункер) пронајдени се 16 пакувања правоаголна форма обвиткани со жолта селотејп трака исполнети со хероин.
На 21- ви овој месец на ГП “Богородица” Ф.Б. со истото возило остварил излез од земјава и се упатил во Турција. По претходно добиени инструкции од нарачателот од Македонија, Ф.Б. утредента возилото го предал на турски државјанин, член на криминалната група кој имал задача да го сокрие хероинот. Потоа Ф.Б. го превземал возилото и од Турција, преку Грција се упатил за Македонија каде бил пречекан од лицето Ќ.Л. кој вчера пеш ја поминал границата и го чекал во меѓуграничниот простор со Грција од каде го превземал возилото за кое претходно имале изготвено полномошно за управување на туѓо возило.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа