Стопанска комора на Косово: Од Македонија да учиме како се привлекуваат инвестиции
Косово треба да учи од Македонија како се привлекуваат странски инвеститори и како да го зголеми извозот, порачува Стопанската комора на Косово. Ова го наведува, како што вели во денешното соопштение, зашто извозот на Македонија е многу поголем од извозот на Албанија и на Косово заедно.
- Во Косово се зборува само за полиитка, а ниту збор не се кажува за актуелната економија. Додека се губи време во барање на причините за неуспехот, другите изнаоѓаат патишта за да ги постигнат целите за економски развој. Треба да учиме од другите и нивните искуства во тој правец, а успехот на Македонија во тој правец треба добро да се анализира од сите нас, нагласува Комората.
Воедно посочува дека Македонија од јануари до мај годинава бележи извоз вреден 1,45 милијарди евра, додека Албанија реализирала извоз вреден само 770,1 милион евра, а Косово 113,8 милиони евра.
- Само од индустриската зона источно од Скопје, во првите пет месеци извозот надминува 500 милиони евра, што е двапати повеќе од извозот во истиот период 2013 година. Во оваа зона од 2009 година произведува и германскиот производител на електронски апарти за возила „Дрексл маер“, кој во 2008 година правеше напори да почне со работа во зоната Приштина–Косово Поле, каде предвидуваше да вработи веднаш 100, а потоа уште 500 роботнци, но по тримесечни напори, германскиот производител се откажа и си замина во Македонија, наведува Комората.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа