Мурињо остана без најголемото засилување

 

Диего Коста го пропушти финалето на Лигата на шампиони поради повреда и недоволно опоравен отиде на Светското фудбалско првенство и кога се чинеше дека  проблемите се зад него, тој ќе мора да паузира најмалку месец ипол.

Настрадал неговиот бутен мускул и првите прогнози не се оптимистички, поради што Челси ќе биде ослабен и можеби до крајот на преодниот рок да доведе замена за Коста.

Фернандо Торес се наоѓа пред излезната врата на Стенфорд Бриџ, така што на Жозе Мурињо му останува само Дидие Дрогба како опција во нападот. Веројатно сега му е жал што неправедно го третираше Демба Ба, кој му донесе некои клучни погодоци минатата сезона и потоа отиде во Бешикташ за осум милиони фунти.

28.08.2014 - 14:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега