Супер новина за сите корисници на ONE

 

Од денеска корисниците на ОНЕ имаат можност да ги користат придобивките на новата 4G LTE технологија, која овозможува супербрз пренос на податоци, односно брзо сурфање на интернет на мобилен.

Својата 4G LTE мрежа ОНЕ ја лансира со понуда од три нови тарифни модели - Mobile Net 4G S, Mobile Net 4G M и Mobile Net 4G L, достапни за нови активации и обнови во мобилниот постпејд резидентен и бизнис сегмент на 24 месеци. За да можат корисниците да користат некој од новите тарифни модели задолжително треба да поседуваат uSIM картичка, но и 4G USB модем.

Со Mobile Net 4G S, за месечна претплата од 599 денари, корисниците добиваат вклучени 10GB супербрз интернет. 

Mobile Net 4G M, за месечна претплата од 999 денари, нуди 20 гигабајти супербрз 4G интернет, а пак со Mobile Net 4G L, за месечна претплата од 1.599 денари, корисниците добиваат вклучени 40 GB (гигабајти) интернет со 4Г брзина.

Со овие тарифни модели се добива и бесплатен 4G USB модем (stick).

4G LTE е всушност четврта генерација на безжична мобилна технологија која овозможува големи брзини при трансфер на податоци и мултимедијални содржини преку мобилна мрежа, а истата функционира на комплетно нова телекомуникациска инфраструктура. 

ОНЕ од Агенцијата за електронски комуникации го доби одобрението за 4Г во август 2013 година, а почна со услугата во утврдениот рок. 

29.08.2014 - 12:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега