ВИДЕО: Навивачите на Легија протестираа против УЕФА

 

Навивачите на Легија Варшава на оригинален начин протестираа против одлуката на УЕФА да го дисквалификува нивниот клуб.

Како што е познато, полскиот тим во третото квалификациско коло со вкупни 6:1 го совлада Селтик, но УЕФА одлучи да ја исфрли оваа екипа од Лигата на шампионите поради тоа што еден нивен играч настапил на мечот со Шкотланѓаните, иако на меч од минатата сезона добил црвен картон, со што несмеел да игра три натпревари.

Легија успеа да се пласира во групната фаза од Лига Европа, но сепако нивната желба беше Лигата на шампионите.

Тие на синоќешниот меч против Актобе имаа кореографија со која кажаа што мислат за УЕФА. Затоа што фудбалот не е важен, важни се парите, порачаа фановите на полскиот тим преку транспарент.

Инаку, Легија синоќа со 2:0 го совлада Актобе од Казахстан и со вкупни 3:0 обезбеди пласман во групната фаза од ЛЕ.

 

29.08.2014 - 12:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега