Директор на државно претпријатие во Тетово ограбил златара?
Полицијата уапси две лица од Албанија за грабежот кој се случи минатата недела во златара во Тетово.
Се работи за 35-годишниот Џ.Н. и Е.Д. од Албанија кои се осомничени дека ја ограбиле златарата Бени минатата недела во Тетово, пренесе Плусинфо.
Тетовските медиуми велат дека тетовецот бил партиски активист на ДУИ и директор на државно претпријатие во градот.
Крадците си заминаа со плен вреден 300.000 денари.