Грабул изгуби од Дубе на турнирот во Белгија
Македонскиот тенисер Димитар Грабул, е поразен во четвртфиналето на фјучрс турнирот во Де Пан, Белгија. Тој денеска загуби со 2:0 во сетови од белгискиот тенисер Жулиен Дубе.
Ова беше нивни петти меѓусебен дуел и Дубе повторно е во предност од 3:2 во победи. Првиот сет белгискиот тенисер го доби во тај брек со 7:6 и 7:5 на поени, додека вториот му припадна со 6:3.
Грабул за пласманот во четвртфиналето ќе освои два бода. Попладнево меч во четвртфиналето на фјучрсот на Златибор ќе игра и Томислав Јотовски против Арсение Златановиќ.
29.08.2014 - 16:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа