Ракометен турнир на плажа „Скопје 2014“

 

На Градската плажа „Парк“ во Скопје, вечер ќе биде отворен вториот Ракометен турнир на плажа за мажи и жени- СКОПЈЕ 2014, што ќе се одржува во наредните три викенди, до 14 септември годинава.

Ракометниот турнир е во организација на Ракометниот клуб Работнички,  ќе биде реализиран под покровителство на Градот Скопје.

На турнирот ќе се натпреваруваат осум екипи по бергеровиот систем секој со секого, а натпреварите ќе се реализираат од 17 часот до 20 часот во наредните три викенди. Првите два викенди се резервирани за натпреварите во машка конкуренција, а на последниот викенд на 13-ти и на 14-ти септември ќе се одиграат натпреварите во женска конкуренција, кога ќе бидат доделени и пехарите за најдобрите.

Целта на турнирот е промоција на ракометот на песок, како атрактивна спортска дисциплина, но и начин на анимирање на граѓаните во топлите летни денови.

30.08.2014 - 10:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега