Кристијано Роналдо му посака среќа на Ди Марија
Најдобриот фудбалер во Европа и светот, Кристијано Роналдо, изјави дека му пожелува среќа на Анхел Ди Мариа на "Олд Трафорд".
Фудбалскиот репрезентативец на Аргентина се пресели од Реал Мадрид во Манчестер Јунајтед за 60 милиони фунти, што е рекорд во англиското фудбалско првенство.
„Тоа е добро за Анхел, Манчестер Јунајтед е меѓу најквалитетните клубови на светот. Ќе бидат одлични заедно и му пожелувам среќа. Тој го заслужува тоа, бидејќи е врвен фудбалер“, вели Португалецот.
Роналдо и беше дел од составот на славниот клуб и постигна одлични успеси со тимот.
„Седумката на Јунајтед носи одговорност, како и да е, тој ќе биде одличен“, заклучи искусниот Роналдо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа