Облаци и дождови - еве какво време не очекува денеска

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи, особено повеќе ќе биде застапена во северозападниот и источниот дел на земјава. Преку денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 28 до 32 степена.

Во Скопје во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

Во охридско-преспанскиот регион утре ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 30 степени. Во дојранскиот регион исто така ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе достигне до 20, а дневната до 32 степена.

Од понеделник времето ќе биде променливо облачно со повремени и почести врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни и проследени со појава на грмежи. Наместа се очекува да наврнат и повеќе од 30 литри на метар квадратен воден талог, а ќе има и позначителен пад на дневната температура. 

31.08.2014 - 10:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега