ВИДЕО: Неверојатни 9 гола на мечот помеѓу Евертон и Челзи

 

Екипата на Челзи оствари победа од 6:3 на гостувањето против Евертон на „Гудисон парк“ во Ливерпул.

На стартот од натпреварот Челзи за три минути постигна два гола, а на полувремето беше 2:1 за гостите. За 11 минути во вториот дел од 67 до 77 минута беа постигнати пет голови – Челзи 3, Евертон 2, а конечните 3:6 беа поставени во последната минута, стрелец беше Диего Коста единствениот играч со два гола на овој натпревар.

Во 3.коло изненадување направи Стоук со победата на гости против шампионот Манчестер Сити од 1:0, додека Манчестер Јунајтед и натаму е без триумф откако одигра 0:0 со Барнли.

Резултати од 3.коло Премиер лига: Барнли – Манчестер Јунајтед 0:0, Манчестер Сити – Стоук 0:1, Њукасл – Кристал Палас 3:3, КПР – Сандерленд 1:0, Свонси – ВБА 3:0, Вест Хем – Саутемптон 1:3 и Евертон – Челзи 3:6.

Денеска се играат натпреварите: Астон Вила – Хал, Тотенхем – Ливерпул и Лестер – Арсенал.

На чело на табелата со максимални 9 бодови се Челзи и Свонси.

31.08.2014 - 10:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега