Во Дебар 223 првачиња

Во трите основни училишта во општина Дебар, две во градот и едно во село Долно Косоврасти, денеска во школските клупи седнаа 223 првачиња.

- Од вкупниот број првачиња, 108 се за настава на македонски јазик. Од нив, 73 се во ОУ „Ристе Ристевски“ во село Долно Косоврасти со подрачните училишта, додека 34 во ОУ „Братство единство“ во градот со подрачното училиште во село Џепиште. Остантите 115 првачиња се за настава на албански јазик во двете основни школи во градот, изјави Решат Ќормемети, раководител на секторот за образование при општина Дебар.

Пред две декади во основните училишта во Дебар имаше по 600 првачиња. Намалениот број ученици, според педагозите, главно се должи на масовната емиграција во странство, но и мигреацијата град-град

01.09.2014 - 18:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега