Тмурен и врнежлив вторник

Времето во Македонија ќе биде облачно и посвежо. Ќе има позначителен пад на дневната температура. Ќе врне, а ќе има и ретки грмежи. Наместа врнежите ќе бидат пообилни кои локално се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен воден талог.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 20 до 26 степени.

Во Скопје, слично време. Во текот на денот ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни. Ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 24 степени. 

02.09.2014 - 09:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега