Радост за децата: Ѕвездите на Металург и Кајмакоски утре во Скопје Сити мол

Македонскиот ракометен клуб Металург во соработка со Скопје Сити мол за утре со почеток од 19:30 часот подготвија одличен настан за сите деца.

Настанот ќе се одвива на вториот кат, каде во детското катче „City Kids Club“ ќе има креативни работилници на тема „Победнички Металург“ за деца до 12 години, исто така посетителите и фановите ќе имаат екслузивна можност, веќе купените училишни материјали со логото на Металург да бидат потпишани од ѕвездите на Металург- Филип Миркуловски, Павел Атман или Ацо Јоновски.

Р.К Металург за оваа учебна година подготви специјална колекција на училишни матријали како ранци, училишни прибори, тетрарики, моливи, пенкала, боички и други геометриски помагала. Истите се веќе во продажва во книжарата Икона во Скопје Сити Мол како и во други книжари низ целата Република.

Скопје Сити Мол, по повод почетокот на новата учебна година, организираше низа активности, со што им обезбеди на најмалите дружба со нивните идоли како Даниел Кајмакоски, Маша и Медо, Паја Патак и многу други.

02.09.2014 - 16:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега