Македонија лидер на Балканот според конкурентноста

 

Македонија се искачи за 10 места во однос на претходната година на листата на конкурентност со која Светскиот економски форум излегува секоја година. Сега се наоѓаме на 63 место, пред земјите во регионот. 

Црна Гора е на 67. место, Словенија на 70. место, Хрватска на 77., Грција 81., Србија 94. и Албанија на 97. место

Според извештајот на Светскиот економнски форум за 2014-2015 , индексот на конкуреност на Македонија изнесува 4,26 на скалата од 1 до 7.

Според извештајот, најконкурентна од 144. рангирани земји во светот е Швајцарија, по неа се Сингапур, САД, Финска, Германија, Јапонија, Хонг Конг, Холандија, Велика Британија и Шведска.

03.09.2014 - 10:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега