Истурило во Гевгелија - 101 литар на метар квадратен

Најмногу дожд, 101 литар на метар квадратен, наврнаа во Гевгелија во изминанатите 24 часа. Во Скопје до осум часот утрово се измерени 60 литри.

Како што информира Борис Секирарски, дежурен синоптичар во Управата за хидрометеоролошки работи, најмалку дожд наврна во Охрид, пет литри, и во Берово, три литри.

Денеска врнежите ќе бидат со послаб интензитет и кон крајот на денот ќе престануваат. Времето останува посвежо, со слаб, претежно југоисточен ветер и температура до 25 степени. Во Скопје слично, со температура до 23 степени.

Врнежливо ќе биде до почетокот на идната недела.

Според Секирарски, поголема стабилизација на времето не се очекува со оглед дека веќе влегуваме во септември, но врнежите ќе бидат поретки.

03.09.2014 - 10:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега