Скопјанец затајувал данок
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Е.Т.(56) од Скопје за сторени кривични дела „затајување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“. Пријавениот врз основа на склучен договор за деловна соработка од 2008 година помеѓу него и ДППУ „Олми“ Куманово увоз-извоз, како лице на кое му било доверено млекото и млечните производи како и инвентарот и опремата за дистрибуција, искористувајќи ја својата положба во периодот од 2009 до 2013 година дел од задолжените млечни производи не ги раздолжувал кон правниот субјект „Олми“ прикажувајќи кусок во работењето. Исто така, пријавениот кај 14 правни лица дистрибуираната роба ја наплаќал во готово, а во правниот субјект „Олми“-Куманово за непокриениот долг изготвувал испратници со невистинита содржина прикажувајќи лажни факти дека наводно должат одредени суми пари, а подоцна испратниците му биле давани на пријавениот на рака со цел да ги достави до правните лица, меѓутоа ги уништувал, со што се стекнал со противправна имотна корист од 2.598.198 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа