Вработете се во ЕЛЕМ - плата 36.000 денари
За потреба од засновање на работен однос во Дирекција, АД ЕЛЕМ Скопје, за извршување на работи на неопределено време, за следното работно место:
- 1 (еден) извршител на работно место „Самостоен референт за компјутерска обработка на податоци„приправник“, во Одделот за човечки ресурси, Сектор за правни и општи работи
Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови: VII степен, Високо образование.
Паричниот износ на основната плата е 35.863 денари. Приправничкиот стаж трае 8 месеци, во кој период работникот ќе прима 80% од платата определена за ова работно место.
Работната недела трае 5 работни дена, од понеделник до петок. Полното работно време на работникот изнесува 40 часа неделно, а во текот на работниот ден ќе трае 8 часа и тоа со почеток од 07:30-08:00 часот до 15:30-16:00 часот.
Огласот трае пет работни дена од денот на огласувањето.
Со пријавата, кандидатите да достават:
- Доказ за завршено образование (оригинал или копија заверена на нотар);
- Уверение за државјанство (копија);
- Кратка биографија;
- Контакт телефон.
Некомплетните и ненавремено доставени пријави нема да се земат во предвид при разгледувањето.
Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот на пријавување.
Пријавата со потребните документи, од која се гледа дека кандидатот ги исполнува општите и посебните услови, да се достават на адреса:
АД Електрани на Македонија Скопје, Дирекција
ул. 11 Октомври, бр.9, Скопје (со ознака „за јавен оглас“).
АД ЕЛЕМ СКОПЈЕ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа