Македонците најмногу возат на дизел
Во Македонија нафтените деривати забележале пад од 3,76%. Ова се податоци објавени во Годишниот извештај на регулаторна комисија за енергетика. Во земјава минатата година биле потрошени вкупно 777.133 тони нафтени деривати, а во 2012 година биле потрошени 806.489 тона.
Граѓаните најмногу трошеле дизел со вкупна потрошувачка од нафтени деривати од 53,24%.
Мазутот има учество од 15,72 отсто, а безоловните бензини учевствувале со 15 отсто во вкупната потрошувачка.
Податоци говорат дека во државата има околу 270 бензински пумпни станици. „Макпетрол“ е сè уште доминантно претпријатие во делот на малопродажбата со 124 бензински станици. „Лукоил“ има 24 бензински станици, ОКТА со 23 бензински станици, додека останататабројка отпаѓа на помали фирми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа