Полицијата во Приштина го уапси имамот на Големата џамија

 

Косовската полиција во утринските часови го уапсила Шефќет Красниќи, имам на Големата џамија во Приштина.

Големи полициски сили биле околу и во куќата на имамот, каде според медиумите се пронајдени и силни докази за неговата поддршка на радикалниот ислам.

Освен Красниќи уапсени се уште неколлку лица а акцијата продолжува.

Денешата акција на косовската полиција е продолжение на големата акција реализирана минатиот месец, кога беа уапсени повеќе од 40 косовски џихадисти.

Имамот Красниќи на јавноста и е познат по неговите навредливи изјави за блажената Мајка Тереза, но и благословувањето на првиот Лосовец кој загина како џихадист во Сирија. Од Косово на боиштата во Сирија и Ирак има најмалку 150,главно млади, а досега официјалната бројка на загинати е 17.

04.09.2014 - 14:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега