Инцидент во ресторан во Прилеп: Ја скршиле предната врата и фрлиле бомба

 


Вчера во 08.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека околу 03.00 часот, две лица со тврд предмет го скршиле стаклото од предната врата на летната бавча на угостителски објект на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, сопственост на Б.С.(53) од Прилеп, по што во објектот фрлиле рачна бомба, која не експлодирала.

Од страна на полициски службеници од Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при МВР бомбата била демонтирана и безбедно подигната.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

13.05.2025 - 16:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега