Извозот во јули зголемен за 6.1%
Извозот во јули бил зголемен за 6.1%, а увозот за 14.7 отсто споредено со истиот месец лани- соопшти државниот завод за статистика.
Во првите 7 месеци од годинава вкупниот обем на трговска размена бил поголем за 15 и пол проценти. Притоа извозот растел за 17.7, а увозот за 12.6 отсто. Значително се зголемила и покриеноста на увозот со извоз, во овој период изнесувала 66.7%.
Продолжува и тенденцијата на поголем извоз на готови производи, додека со секој нареден месец се намалува лон производството што ги преминува границите на државава. Во извозот најголемо учество имаат катализаторите на носачи со благородни метали, фероникел, сетови на проводници за палење, производи од железо и челик и облека.
Компаниите пак најмногу увезувале сурива нафта, платина и струја.
Фирмите најмногу извезуваат во земјите – членки на Европската Унија – речиси 80% од производите завршуваат таму. Во земјите од Западен Балкан завршиле 14% од извезените производи. Притоа Македонија најмногу тргува со Германија, Британија, Грција, Србија и Италија.
04.09.2014 - 14:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа