Розберг ја прифати вината за инцидентот во Белгија

 

Возачот на Мерцедес и лидер во генералниот пласман во шампионатот во Ф1 Нико Розберг ја прифати вината за контактот со клупскиот колега Луис Хамилтон на трката за Големата награда на Белгија.

Розбрег ја заврши трката како втор, додека Хамилтон поради тој инцидент остана без пласман.

Со тоа Розбрег ја зголеми предноста во бодови во однос на Хамилтон и таа сега изнесува 29 бодови. По разговорот со Хамилтон се извини за својата постапка.

- Ја анализиравме целата ситуација, до последен детал и дојдов до заклучок дека мора да ја прифатам одговорноста. Тоа беше моја грешка. Факт е дека јас не направив ништо повеќе за да го избегнам контактот, напишал Розберг во својата колумна во „Дејли мејл“.

Оваа реакција на Розберг е десет дена по трката, а Хамилтон веднаш по трката на состанокот со тимот изјави дека Розберг намерно го предизвикал контактот. До крајот на шампионатот остануваат уште седум трки, а следната се вози овој викенд за Големата награда на Италија во Монца.

04.09.2014 - 16:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега