Дебар: Влегле во православните гробишта и ги исекле дрвата

 

Дрвокрадци влегле во дебарските православни градски гробишта каде исекле голем број дрвја. Кражбата во Полициската станица и шумската полиција била пријавена од дебарската парохија, откако таа била телефонски известена од граѓанин.

- Откако телефонски бевме известени од граѓанин дека отидовме и водовме што направиле вандалите. Украдени се најмалку 50 кубни метри дрво од долниот дел на гробиштата. Дали е оштетена некоја надгробна плоча сеуште не знаеме, покриени се со гранки од исечените дрвја.Кога ќе се отстранат гранките ќе се знае, вели Благоја Спироски, намесник на парохија.

Според него, благодарение на совесникот граѓанин, спречен е поголем масакр врз дрвјата во гробиштата. Дрвокрадците со моторни пили ги исекле дрвјата, ги складирале во помала должина и со коњи ги префрлиле на непозната локација.

Полицијата информира дека е извршен увид и оти заедно со шумската полиција интензивно спроведуваат истрага за откривање на крадците

04.09.2014 - 21:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега