Естрадата во паника: Сите имаме порно фотографии!

 

Веќе три дена целиот свет зборува за голите фотографии на светските ѕвезди кои беа украдени и обајвени на интернет. Полицијата безуспешно трага по хакерот.

Ни на дамите од балканската естрада не им е сеедно. Некои од нив за српски Блиц признале дека имаат фотографии на кои се голи, додека пак другите тврдат дека не им се плашат на хакерите.

-Ако зборуваме за мене и мојот мобилен телефон, тогаш хакерот би добил џек пот. Во мобилниот немам што немам. На моја среќа, не сум лоша риба. Но доколку би ги видела моите голи фотографии на насловна страница тогаш веројатно би умрела од стрес, вели Јелена Карлеуша за Блиц, додавајќи дека одма ќе ги избрише провокативните фотографии.

Слично мислење со Карлеуша има и Сандра Обрадовиќ.

-Не познавам личност која нема провокативни фотографии во својот мобилен. Секој од нас има такви слики, па така и јас. Не би ми пречело доколку некои од моите фотографии излезат во јавност, но само доколку на нив изгледам секси и убаво. Но доколку се појават некои вулгарни, тогаш би се изнервирала, додала таа.

Невена Миличевиќ пак вели дека во својот телефон чува провокативни фотографии, но дека не им се плаши на хакерите.

-Имам повеќе слики кои за нијанса се попровокативни од оние кои ги имам објавени на социјалните мрежи, но не им се плашам на хакерите. Немам за што, признала таа.

Нејзината ривалка од куќата на Големиот Брат, Синди вели дека нема такви фотографии како и дека не стравува дека би можела да заврши низ интернет 

 

Украдените фотки погледнете ги тука

 
 
 
 
 
 
 
04.09.2014 - 21:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега