Барате работа? Холандија и Германија бараат инжениери: Плата 8.000 евра
Дали сте инженер или научник заинтересиран за работа во меѓународен тим во областа на технологијата? Може да се пријавите за работното место: инспектор на патенти во Минхен или Хаг.
Работата вклучува пребарување онлајн-бази на податоци, анализа на документи, комуникација со истражувачи и адвокати и донесување одлуки за патентите во 40 европски земји. Понудени се работни места во повеќе технички области. Вработените добиваат плата од 4.200 до 8.000 евра месечно.
Пријавете се најдоцна до 2 октомври за Хаг и 9 октомври за Минхен. Повеќе информации пронајдете ОВДЕ.
Краен рок за пријавување: 09.10.2014
04.09.2014 - 22:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа