Франција, Хрватска и Мексико изборија осминафинале на Мундобаскетот
Селекциите на Франција, Хрватска и Мексико им се приклучија на деветте репрезентации кои пред одигрувањето на натпреварите од последното 5.коло во групната фаза имаа обезбедено пласман во осминафиналето на Светското кошаркарско првенство во Шпанија.
Французите го совладаа Иран 81:76 во дуелот од „А„ групата и завршија како трето пласирани. Пласман од оваа група обезбедија и, Шпанија, Бразил и Србија.
Во „Б„ конкуренцијата Хрватска беше подобра од Порторико со 103:82, со „Коцкестите„ што им се придружи на Аргентина, Грција и Сенегал кој денеска по продолжение загуби од Филипини 79:81.
Најголемото изненадување го направија Мексиканците кои „Д„ групата ја победија Јужна Кореја со 81:71 и со две победи во групата завршуваат како четврто пласирани, зад Словенија, Литванија и Австралија. Во „Ц„ конкуренцијата со победата Нов Зеланд со триумфот над Финска 67:65, останаа во конкуренција за трите слободни места кои водат во осминафиналето имајќи в предвид дека Американците тука се неприкосновени со пет максимални победи.
За Финците заврши првенството, а дали Нов Зеланд ќе игра во осминафиналето ќе зависи од последниот натпревар во оваа група во кој ќе играат Турција - Доминиканска република. Исходот од овој дуел го исчекуваат и Украинците кои попладнево загубија од САД со 95:71.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа