Познати осминафиналните дуели на Светското првенство во кошарка
Со одигрувањето на натпреварите од 5.коло од групната фаза синоќа беа познати 16-те репрезентации кои ќе ги продолжат натпреварите на Светското првенство во кошарка што се одржува во Шпанија.
Резултати и табели по 5.коло:
А група: Бразил – Египет 128:65, Иран – Франција 76:81 и Србија – Шпанија 73:89.
Табела: Шпанија 5-0 (победи-порази), Бразил 4-1, Франција 3-2, Србија 2-3, Иран 1-4, Египет 0-5.
Б група: Сенегал – Филипини 79:81 (продолжение), Хрватска – Порторико 103:82 и Аргентина – Грција 71:79.
Табела: Грција 5-0, Хрватска 3-2, Аргентина 3-2, Сенегал 2-3, Порторико 1-4, Филипини 1-4.
Ц група: Финска – Нов Зеланд 65:67, Украина – САД 71:95 и Турција – Доминиканска република 77:64.
Табела: САД 5-0, Турција 3-2, Доминиканска Република 2-3, Нов Зеланд 2-3, Украина 2-3, Финска 1-4.
Д група: Австралија – Ангола 83:91, Јужна Кореја – Мексико 71:87 и Литванија – Словенија 67:64.
Табела: Литванија 4-1, Словенија 4-1, Австралија 3-2, Мексико 2-3, Ангола 2-3, Јужна Кореја 0-5.
Во осмина финалето двојките се: САД – Мексико, Хрватска – Франција, Словенија – Доминиканска република, Шпанија – Сенегал (сабота – 6.септември), Литванија – Нов Зеланд, Грција – Србија, Турција – Австралија и Бразил – Аргентина (недела – 7 септември).
Натпреварите од осминафиналето се играат во Мадрид и во Барселона.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа