Шпанија претрпе пораз во контролниот натпревар пред дуелот со Македонија
Репрезентацијата на Шпанија синоќа во пријателски натпревар во Париз загуби 1:0 од Франција. Ова за „црвената фурија“ беше контролен дуел пред натпреварот со Македонија, прв од квалификациите за ЕУРО 2016 што се игра во Валенсија на 8 септември.
Стрелец на единствениот гол беше Лиок Реми во 83.минута.
Нашата репрезентација во контролен натпревар вчера во Валенсија го победи шпанскиот третолигаш Торе Леванте со 4:0.
Синоќа се одиграа уште неколку пријателски натпревари. Ривалите од нашата група Белорусија и Словачка победија на домашен терен. Белорусија беше поуспешна од Таџикистан со 6:1, а Словачка од Малта со 1:0.
Италија под водство на новиот селектор Антонио Конте постигна победа од 2:0 против Холандија, додека Белгија ја совлада Австралија со 2:0, а со истиот резултат Хрватска беше поуспешна од Кипар.
Квалификациите за ЕУРО 2016 година стартуваат на 7 септември во недела.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа