Вардар ја доби Шкендија во осминафиналето од Купот на Македонија
Денеска во просториите на ФФМ беа извлечени осминафиналните двојки од Купот на Македонија.
Во 1/8 финалето Ф.К. Вардар ќе се сретне со Ф.К. Шкендија, а првиот натпревар е закажан на 24-ти септември во Тетово, а реваншот ќе се одигра на 14-ти октомври во Скопје.
Во другите осминафинални натпревари ќе се сретнат:
Ф.К. Кожув – Ф.К. Напредок
Ф.К. Победа Јуниор – Ф.К. Дрита
Ф.К. Пелистер – Ф.К. Работнички
Ф.К. Гостивар – Ф.К. Ренова
Ф.К. Турново – Ф.К. Брегалница
Ф.К. Силекс – Ф.К. Еуромилк
Ф.К. Шкупи – Ф.К. Тетекс
05.09.2014 - 12:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа