Извлечени двојките за осминафиналните средби во Купот на Македонија

 

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија денеска беа извлечени двојките за осминафиналето на Купот на Македонија. Во оваа рунда ќе играат најголемите фаворити за освојување на пехарот Вардар и Шкендија. Домаќин на првиот дуел ќе биде бидат тетовчани, а во реваншот ќе се игра на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје.

Другите двојки од осминафиналето се: Гостивар – Ренова, Пелистер – Работнички, Силекс – Еуромилк, Победа јуниор – Дрита, Хоризонт Т. – Брегалница, Шкупи – Тетекс и Кожув – Напредок.

Првите натпревари се играат на 24.септември, а реваншите се на 14.октомври.

05.09.2014 - 15:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега