Ахмети упати честитка до Заев

 

Али Ахмети му честиташе на Зоран Заев бидејќи го презеде кормилото на СДСМ.

По повод Вашиот избор за Претседател на Социјал-Демократскиот Сојуз на Македонија на четиринаесетиот партиски конгрес, во име на Демократската Унија за Интеграција како и во мое лично име, имам посебна чест да упатам искрени честитки до вас како и до сите членови и поддржувачи на вашата партија.

Се надевам дека вашиот избор со убедливо мнозинство гласови ќе придонесе за конструктивен приод на СДСМ  кон засилување на демократијата во Република Македонија, градење на здрави меѓуетнички односи, политички дијалог помеѓу политичките чинители како и решавање на клучните прашања за Македонија кои што ни го попречуваат патот кон зачленување во НАТО и добивање на датум за започнување преговори за членство во Европската Унија.

Bашиот избор на чело на најголемата опозициона сила вo земјава доаѓа во многу значаен период за нашата земја, пресуден за подобрата заедничка идина на сите наши граѓани и затоа сум убеден дека ќе придонесете кон постигнување консенсус и конструктивност на сите политички партии во Македонија за конечно остранување на пречката која што стои помеѓу нас и Брисел.

Интегрален текст од честитката на Ахмети кон Заев.

ФОТО: Засе.мк

најчитано сега