Гостиварец паднал од покрив додека поставувал олуци кај соседот
33- годишниот жител на гостиварското село Добри Дол, тешко се повредил откако паднал од покрив на куќа, информираат од СВР Тетово.
Според првичните информации, несреќата се случила околу 11:30 часот, во селото Добри Дол, кога Б.С. (33) поставувал олуци на куќа на негов соселанец. Непосредно по падот, тој бил пренесен во гостиварската општа болница. Таму му биле констатирани повреди по нозете и главата. Заради сериозноста тој итно е префрлен на скопските клиники.
На местото на несреќата е извршен увид, по што ќе се утврдуваат причините кои довеле до повредувањето на работникот.
Во последниве две недели, во гостиварско регистрирани се четири случаи на несреќи при работа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа