Ограбена Општина Центар

 

Околу три часот изутринава засега неидентификувани лица провалиле во бараката бр.6 во општина Центар. Тука се просториите на Советот на општината, општинската архива, архивата на секторот за урбанизам, односно местата каде што се чуваше целата документација за работата на Советот, одделение за човекови ресурси и одделот за криза и безбедност.

Крадците ги однеле сите компјутери во дворот пред бараката, но во тој момент интервенирало обезбедувањето и тие побегнале во непознат правец.

Со себе однеле торба, но сеуште не е утврдено што точно е однесено во торбата.

Просториите се запечатени, пријавено е во полиција, а утре Крим Техника преку отисоци и други истражни мерки ќе утврдува кои се сторителите и што се е однесено од општинските архиви.

08.09.2014 - 11:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега