„Дојдов да ве сакам“ - семејство од Струмица доживеа хорор
Во куќата на С.П.(35) во Струмица вчера околу 21:40, влегло непознато машко лице на возраст од околу 20 години, се приближило до нејзината четиригодишна ќерка и ја бакнало во пределот на главата. Таа не изреагирала веднаш, мислејќи лицето е другар на нејзиниот син, но откога увидела дека влегло само, го прашала што бара во нејзината куќа. Тој се приближил до неа, силно ја гушнал, фаќајќи ја за градите и обраќајќи и се со зборовите: „Дојдов да ве сакам“. Таа се обидела да го отргне од себе, но бидејќи тој ја повторил постапката неколку пати, почнала да вика за помош, по што пристигнал нејзиниот девер и успеал да го отргне лицето и да го задржи до доаѓање на полициски службеник од Полициската станица Струмица. По извршеното легитимирање, утврдено е дека се работи за Н.Б.(21) од Струмица, кој, и понатаму и во присуство на полицаецот покажувал знаци на хиперактивност и неконтролирано однесување, соблекувајќи се гол. Н.Б. е однесен во Медицинскиот центар во Струмица на Нервно одделение, каде од страна на лекар е констатирано дека се работи за лице со пореметена психолошка структура на личноста. За настанот е запознат јавен обвинител и против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа