Ѓуровски: Шпанија беше супериорна, ние се насочуваме на Луксембург

 

Македонската фудбалска репрезентација синоќа загуби од Шпанија со 5:1 на стартот од квалификациите за ЕУРО 2016. По дуелот покрај честитките за европскиот првак и нивната победа селекторот на Македонија, Бошко Ѓуровски истакна дека Шпанија беше супериорна.

- Во второто полувреме ја сменивме тактиката и мислам дека игравме подобро. Нас ни останува да го заборавиме овој натпревар со Шпанија и да се концентрираме на следниот дуел со Луксембург. Шпанија сигурно ќе биде прва во групата, рече Ѓуровски.

Со слично размислување е и капитенот во нашиот табор голманот Томе Пачовски, кој иако прими пет гола беше еден од најдобрите во нашата репрезентација.

- Игравме против Шпанија една од најдобрите селекции во светот. Ја загубивме концентрацијата при пеналот и при третиот гол. Но, сега ни следуваат натпреварите со Луксембург и со Украина каде ќе се обидеме да освоиме бодови, изјави Пачовски.

Натпреварот со Луксембург се игра на 9 октомври во Скопје, додека со Укрина играме на гости на 12 октомври.

09.09.2014 - 10:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега