Ставрески во лов на инвеститори во Азербејџан

 

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески заедно со владина делегација, денеска е во Азербејџан каде што ќе оствари средба со неовиот тамошен колега министерот за економија и индустрија Шахин Мустафајев. 

На средбата е планирано да се зборува за досегашната економска и трговска соработка меѓу двете земји, како и за можностите за нејзино унапредување.

Во рамки на посетата, делегацијата имаше средба и со повеќе компании од областа на градежништвото, прехранбената индустрија, како и средба со Турско - азербејџанската бизнис асоцијација ТУСИАБ, на кои беа презентирани поволностите за инвестирање во Македонија, а се дискутираше и за можностите за соработка.

Делегацијата, во чиј состав се заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Климент Шеќеровски и советникот за странски инвестиции Хади Незир,  присуствуваше и на бизнис форум кој се одржа во Бизнис центарот АЗПРОМО, на кој учествуваат педесетина компании од различни области и е одлична можност за договарање соработка со целни сектори.

09.09.2014 - 11:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега