Надежните фудбалери од ФК „Фамос“ трети на Балканот

 

Децата фудбалери од генерациите 2003 и 2005 година од ФК „Фамос“ го освоија 3-то место на традиционалниот „Фер-плеј куп“ што неодамна се одржа во Охрид со што го постигнаа најдобриот пласман на една домашна екипа на ова натпреварување.

На Купот во Охрид учествуваа околу 70 екипи од Балканот, а Сретен Каланоски од тимот на „Фамос“ беше прогласен за најдобар стрелец. 

Тимот на ФК „Фамос“ тренира на територијата на општина Аеродром и се состои од околу 100 деца на возраст од 4,5 до 11 години. Нив ги тренираат тројца тренери со УЕФА лиценци

09.09.2014 - 11:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега