„Гришко“ отвора втора фабрика во Македонија, нови 200 вработувања
Руската компанија „Гришко“ ќе отвори втора фабрика за производство на балетски обувки во Македонија.
Првата фабрика која вработува 80 лица, „Гришко“ ја отвори во март минатата година. Фабриката е лоцирана во демирхисарското село Слепче.
Отворањето на новата фабрика е реализација на втората фаза од инвестицијата во Македонија која ќе вработува дополнителни 200 лица.
09.09.2014 - 11:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа