Изборно фијаско
Искрено сметав да посветам колумна за локалните избори откако тие официјално ќе завршат, но поради новите прегласувања во Центар и Струга, бев приморан оваа колумна да ја напишам денеска. Сосема е јасно дека власта го губи центарот на главниот град и дека во овој момент тие не се заинтересирани за победа, туку единствената цел во овој момент им е да го одолговлечат промовирањето на Андреј Жерновски за градоначалник. Главната причина поради ова одолговлекување е дофинализирање на проектот „Скопје 2014“ во кој ќе треба да се изнајде место за нови дваесетина споменици кои се во завршна фаза на изработка.
Самите во ВМРО ДПМНЕ се свесни дека вториот круг одлично им покажа дека народот и покрај толку медиуми што се блиски до власта одбраа лик кој верувам дека утреден со било кој противкандидат на ДПМНЕ нема да добие ниту половина гласови од сегашните.